![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2022/04/t35r4ed-750x430.jpg)
Максим Димитриевски – градоначалникот на општина Куманово во врска со упадот во Собранието на денешен ден пред 5 години вели дека за жал многу работи останале исти, а некои дури и полоши.
„Правдата не смее да биде селективна, или казна за сите или пак амнестија за сите, за жал како и секогаш заглавија само подредените и подведените додека сценаристот, режисерите и политичарите повторно се извлекоа и спогодија. Историјата и идните генерации ќе судат кој правилно постапи. Никогаш да не се повтори!“ – рече Димитриевски.