Познатиот македонски графички дизајнер и илустратор, Зоран Кардула на Твитер објави плакат од малата Нина Нинковиќ, девојче од Нови Сад кое веќе неколку дена продава крофни за да собере пари за лекување на својот болен татко Зоран.
Заедно со објавата, Кардула напиша дека мора да направи постер за Нина во знак на благодарност за нејзината љубов и борбата да собере пари за лекување на нејзиниот татко.
Тој побарал и некој од Нови Сад да го испечати плакатот и да и го предаде на Нина.
„Нина девојчето со крофните“ морав да и направам постер како благодарност за нејзината љубов и борба да собере пари за лекување на својот татко, би сакал некој од Нови Сад да ми пише за да му ја пратам припремата и ако е во можност да го испринта постерот за да и го поклони на Нина“ пишува Кардула.
„Нина девојчето со крофните“морав да и направам постер како благодарност за нејзината љубов и борба да собере пари за лекување на својот татко,би сакал некој од Нови Сад да ми пише за да му ја пратам припремата и ако е во можност да го испринта постерот за да и го поклони на Нина pic.twitter.com/WWYyVAjjaW
— Зоран Кардула (@ZKardula) June 29, 2023
Нина од Нови Сад секој ден продава крофни по симболична цена од 100 динари во градот, од 17 до 19 часот. Нејзината мајка преку група на Фејсбук ја информирала јавноста за продажбата на крофни.