
На списокот на момчето-убиец, кое на 3 мај уби девет школски другари и чуварот, имало уште многу деца. Како што им открило на истражителите, на списокот за убиства имало повеќе од 25 деца, но во меѓувреме сфатило дека е премногу.
„Направив список за стрелање. На него имаше преку 25 имиња и сфатив дека сепак е премногу, па се откажав. Тој ден, кога дојдов на училиште, решив да пукам по ред“, наводно рекол убиецот Коста К.
Кога го прашале зошто го направил тоа, зар не му биле пријатели и му доаѓае на неговите родендени, а тој одел на нивните, рекол дека не му биле.
„Бев отфрлен, тие не ми беа пријатели. Затоа и го направив тоа“, вели најмладиот масовен убиец во Србија, кој на истражителите им кажал и дека злосторството го инспирирала документарна серија за масовни убијци во училишта.
Истиот ден кога момчето-убиец го изврши масакрот, неговиот татко беше уапсен и сѐ уште е во притвор. Тој се сомничи дека оружјето што легално го поседувал не го обезбедил уредно, а кое кобниот ден го употребил неговиот син, така што тогаш 13-годишното момче да не можело да дојде до него, но и дека го носел неговиот син на стрелиште и го научил да пука прецизно.
За време на неодамнешното рочиште, во постапката против неговиот татко, момчето признало дека татко му го носел на стрелиште и се гордеел со тоа како пука. За да го научи синот да пука, таткото наводно го ангажирал најдобриот инструктор во стрелиштето.
„Отидовме на стрелиштето да работиме на нашата врска. Татко ми беше горд, пукав во концентрични кругови и без грешка ги групирав ударите“, рекло момчето-убиец.
Наводно татко му го снимал како пука во стрелиштето, а потоа снимката ја испратил и им ја покажал на пријателите, фалејќи се со способностите на синот.