Десетици илјади луѓе протестираа во Мадрид поради обидите за приватизацијата на јавниот пензиски систем
Десетици илјади луѓе протестираа денеска во Мадрид поради обидите за приватизација на јавниот пензиски систем, барајќи мерки за зачувување на куповната моќ на пензионерите и зајакнување на нивната социјална заштита.

На протестот присуствуваа околу 50.000 луѓе, според проценките на организаторите, или 25.000 според владината делегација, пренесува шпанската државна телевизија РТВЕ.
Протестот беше организиран од Државната координација за одбрана на јавниот пензиски систем, а учесниците маршираа од Железничката станица Аточа до улицата „Алкала“, поминувајќи покрај познатиот музеј Прадо.
Демонстрантите носеа транспаренти со пораката „Гарантирана пензија“ и „Да ги заштитиме пензиите“.
Портпаролката на организацијата Државна координација за одбрана на јавниот пензиски систем, Франциска Лопез која ја предводеше колоната, побара пензиите да бидат усогласени со реалниот индекс на потрошувачки цени, за да се зачува куповната моќ на пензионерите.