Две години од смртта на НБА ѕвездата – Коби Брајант

Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, ѕвездата на ЛА Лејкерс – Коби Брајант го загуби животот на денешен ден, пред две години.

Брајант настрада во хеликоптерска несреќа во која на 26. јануари 2020 година во местото, западно од Лос Анџелес, загинаа и неговата 13. годишна ќерка Дијана и 7 други патници.

Брајант во кариерата освои 5 титули во НБА, последната во 2010 година, а во кошаркарска пензија замина во 2016 година.

Брајант целата своја кариера на клупски план ја мина во Лос Анџелес Лејкерс, а со американската репрезентација освои две златни олимписки медали, во 2008. и 2012. година.

Во мај минатата година Брајант постхумно беше примен во кошаркарската „Куќа на славните“.