Два авиони се судрија во воздух на аеродромот во Далас

На аеродромот во Далас во САД, два стари воени авиони се судрија во воздух за време на аеромитинг.

Портпаролот на локалните пожарникари изјави дека двата авиони се судриле околу 13:30 часот по локално време. Еден од двата авиони беше познатиот Боинг Б-17, американски тежок бомбардер од Втората светска војна кој се смета за еден од најпознатите бомбардери на сите времиња.

Се уште не е познато во каква состојба се пилотите и дали има повредени меѓу набљудувачите. Исто така, не е познато колку луѓе имало во овие два авиони.

Меѓутоа, луѓето го снимиле судирот на два авиони, а на видеата се гледа жестока сцена од моментот на судирот, проследена со облак од црн чад. Очевидци велат дека остатоците се расфрлани по автопатот во Тексас.