Дачиќ: Не можеме да го прифатиме планот според кој Косово е независна држава

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека основите на француско-германскиот план за Србија се неприфатливи бидејќи планот најпрво поаѓа од фактот дека Косово е независно.

Првиот потпретседател на Владата рече дека Србија не може да поддржи политичко решение за тоа како треба да изгледа Косово како независна држава доколку за неа не се реши прашањето за независност.

Нашите одлуки за воведување санкции против Русија и директно и индиректно имаат влијание врз нашата позиција во однос на Косово, ако го направиме тоа малку ќе ги налутиме нашите традиционални пријатели“, рече Дачиќ утринава на гостување на ТВ Пинк.

Тој додаде дека Србија треба да подаде рака на сите делови на светот и дека треба да биде насочена кон своите национални интереси.

„Србија многу ризикува со воведувањето санкции кон Русија, нема гаранција дека нема да ги загрози нејзините национални интереси. Немаме гаранција од некој од Западот дека тие интереси ќе бидат заштитени“, изјави шефот на дипломатијата.