Груби: Од првиот ден кога станав функционер му ја дадов мојата оставка на Ахмети

Уште кога станал прв вицепремиер Артан Груби напишал текст на оставка и му го предал на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој одлучува, кажал Груби синоќа на партиски собир во скопската населба Чаир.

Груби во суперлативи зборуваше за лидерот Ахмети и нагласи дека благодарение на него, политиката на Албанците е вратена во Скопје.

„Ако Али Ахмети ми каже мене или и на Бујар Османи кој е тука присутен, да си одиме дома, така и ќе направиме. Од првиот ден кога станав функционер му ја дадов нему оставката, неговиот збор е последниот збор за мене”, рече Груби пред жители на Чаири.

Според Груби, Ахмети се вложил за Чаир, тука е подигнат, рече, споменик на Скендербег, во Скопје е изграден плоштад „Скендербег“, тука е отворен универзитетот „Мајка Тереза“.

„Ахмети можеше да го испрати Скендербег во Тетово, Мајка Тереза да ја однесе во Кичово, а плоштадот да го направи некаде во Гостивар, каде што ќе беше. многу полесно. Но неговата политика беше да ги овласти Албанците од Скопје и да ја врати политиката во Скопје”, рече меѓу другото Груби.