Градоначалникот на Подгорица поднесе оставка

Градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ на Фејсбук објави дека поднел оставка.

„Согласно ветувањето што им го дадов на моите сограѓани, денеска поднесов оставка од функцијата градоначалник“, напиша Вуковиќ.

Како што вели, со верификување на мандатот на советниците од новото свикување на Собранието во главниот град Подгорица, денеска и формално се создадени предусловите за почеток на формирање на новата влада во Подгорица.

„Искрено се надевам дека што поскоро ќе биде избран новиот градоначалник, за да се избегнат можните проблеми во функционирањето на градскиот систем. Го оставаме главниот град во одлична состојба. Системот е максимално функционален, екипиран и финансиски стабилен. На сметката на главниот град оставаме над 17 милиони евра“, изјави Вуковиќ.