Дијаспората, голем број Косовари годинава ја откажуваат посетата на Косово и Метохија за време на годишните одмори поради моменталната ситуација на северот, тврди Сихана Бејтулаху од организацијата Гермин, пренесува Теве 1.
Како што наведе таа, организацијата се труди да обезбеди најбезбедна рута. Таа додаде дека е неопходно да се следат проверени информации за безбедносната состојба кои доаѓаат од косовската полиција и Министерството за надворешни работи.
Да потсетиме, автопатиштата кои водат кон централна Србија од административните премини Мердаре, Брњак и Јариње беа блокирани од Срби и возачи на камиони со српски регистарски таблички во знак на поддршка за Србите на Косово и Метохија, а во знак на пркос поради одлуката на владата во Приштина да го забрани увозот на српска стока.
Пропуштаат патнички возила и автобуси, а влезот во Србија е забранет само за камиони со косовски регистарски таблички.