
Гитаристот на „Дуран Дуран“ има рак, со нуклеарен лек му се продолжи животот за 5 години
Гитаристот на бендот „Дуран Дуран“, Енди Тејлор, изјави дека иновативниот лек за лекување на напреднат рак на простата му го продолжил животот за пет години.
На Тејлор пред осум години му беше дијагностициран рак на простата во четврта фаза, но не ја откри својата состојба дури до 2022 година. Откако излезе во јавноста со информацијата дека боледува од рак, научник го контактирал за да му понуди „нуклеарен лек, лутециум-177“, кој е насочен да ги гледа само клетките на ракот“, открил музичарот за Би-би-си брекфаст и додал дека првата доза од лекот ја земал пред шест недели.
„Не може да ги види здравите клетки. Го убива ракот во четвртиот стадуим во вашите коски. И она што делотворно го прави е продолжување на мојот живот за пет години“, рекол 62-годишниот музичар, додавајќи дека неговото здравје се влошувало пред тоа и тој бил на „црната листа“.
Тејлор ја откри дијагнозата минатиот ноември во писмото што го прочитаа неговите поранешни колеги од бендот при примањето во Куќата на славните на рокенролот во Лос Анџелес. Настанот во Л. А. требаше да биде повторно обединување на бендот, чија класична постава не свирела заедно од 2006 година.
Тејлор рече дека во тоа време бил „многу разочаран“ што го пропуштил настапот, бидејќи бил премногу болен.
– Неколку дена претходно не можев да станам и да свирам. Ја пропуштив најголемата ноќ во мојот живот“, изјавил тој за Би-би-си, додавајќи дека до тој момент никој навистина не знаел за неговата дијагноза освен неговото семејство и неколку пријатели.