Генчовска: Бугарија строго ќе го почитува договорот со С. Македонија

Бугарската министерка за надворешни работи – Теодора Генчовска рече дека Бугарија строго ќе го почитува мандатот на Советот на министри, декларацијата на Народното собрание и договорот меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.

Таа посочи дека ќе го земат предвид и мислењето на последниот состанок на Советодавниот совет за национална безбедност под претседателот и нема да отстапат од рамковниот став.

„Рестартиравме и продолжуваме да го надградуваме досега постигнатото. Има континуитет од страна на Министерството за надворешни работи, се надоврзуваме на постигнатото, има позитивизам во односите и дијалогот“ рече министерката.

Таа истакна дека се во директен контакт со министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, а тимот од МНР е во директен контакт на експертско ниво.

„Ни претстои експертска средба – колегите од МНР на Република Северна Македонија од 10 до 11 февруари ќе дојдат овде на експертски разговори за политичкиот пакет „4 + 1“. Денеска доставив нацрт мандат до Советот на министри. Како што кажав, тој никако не отстапува од постоечките рамковни позиции, декларации на Народното собрание, особено почитување на Договорот за добрососедство и пријателство“ вели Генчовска.