Генерален штрајк во УЈП ако не се најде решение за зголемување на платите
Синдикатот на УЈП најави дека вработените ќе стапат во генерален штрајк ако не се најде решение за нивното барање за зголемување на платата за 30 отсто.
Од Синдикатот на УЈО очекуваат да ги повика помирувачот за да се најде решение за нивното барање за зголемување на платата, какво што неодамна добија дел од вработените во Министерството за финансии.
Според Синдикатот чекаат помирувачот да ги повика на разговор, по што за пет до шест дена би завршила процедурата за помирување.
„Доколку не се изнајде решение за неколку дена ќе се активира одлуката за генерален штрајк при што ќе ги искористиме сите можности што ни се на располагање. Ние не сме дел од одбраната или внатрешните работи па да имаме некакво ограничување што смееме, а што не смееме да правиме за време на генерален штрајк, велат од УЈП.