Вучиќ: Ќе произведуваме дронови и беспилотни летала

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска по средбата во Домот на гардата на Војската на Србија во Топчидер, на која му беа презентирани резултатите од анализата на состојбата, оперативните и функционалните способности на Армијата за 2022 година, изјави дека во наредниот период армијата повеќе ќе се фокусира на домашно произведени дронови и беспилотни летала, како и дека дополнително ќе се работи на зајакнување на српските специјални единици.

Вучиќ најави дека зголемена плата ќе добијат и припадниците на специјалните единици и дека основната плата ќе биде повеќе од 200.000 динари, а дека со прекувремена работа ќе биде и до 320.000 динари месечно.

„На Националниот празник ќе издадам наредба како врховен командант, а потоа началникот на Генералштабот ќе распише конкурс за прием на млади мажи и жени во специјалните единици, до 5.000 луѓе“, рече Вучиќ.