Вучиќ телефонски разговарал со Сиљановска-Давкова, размениле мислења за важни регионални прашања
Српскиот претседател Александар Вучиќ на социјалните мрежи објави дека има телефонски разговор со претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, на кој ја потврдиле подготвеноста за натамошно унапредување на билатералната соработка и добрососедските односи меѓу двете земји.

Синоќа во објава на Инстаграм Вучиќ пишува дека во разговорот се разменети мислења за важни регионални прашања, можностите за продлабочување на соработката и за посилно поврзување во областите од заеднички интерес.
„Содржинскиот разговор со Гордана Сиљановска-Давкова потврди дека меѓу нашите земји постои подготвеност да продолжиме да ги развиваме блиските и пријателски односи. Разменивме мислења за важни регионални прашања, понатамошно унапредување на соработката и можностите за уште посилно поврзување во областите од заеднички интерес“, напиша Вучиќ.
Според него, Србија останува посветена на зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот, како и на јакнењето на соработката со С. Македонија, оценувајќи дека тоа е во интерес на граѓаните на двете земји и на целиот регион.