Вучиќ: Одлична вест од Брисел, Србија отвори еден кластер во преговорите со ЕУ

„Одлична и добра вест утрово од Брисел“ изјави претседателот Александар Вучиќ, откако Србија отвори еден кластер во преговорите со Европската унија, кој вклучува четири поглавја, кои се однесуваат на транспортната политика, трансевропската мрежа, животната средина и енергетиката.

„Значаен, голем успех за нашата земја. Голема благодарност до Урсула фон дер Лајен, но и до сите земји членки, честитки за граѓаните, бидејќи тие се најзаслужни за реформите што ги спроведовме во претходниот период“ – порача Вучиќ.

Од Владата тој „побара и моли да продолжи и да ги забрза реформите во делот на владеењето на правото, но и во сите други сфери“.

Премиерката Ана Брнабиќ денеска во Брисел изјави дека со отворањето на Кластерот 4, Србија отворила 22 од 35 поглавја од преговорите со Европската Унија, што е голем и важен чекор за официјален Белград.

„Имаме капацитет во Србија сериозно и систематски да се занимаваме со оваа тема“ рече Брнабиќ.