Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и српскиот претседател Александар Вучиќ на своите профили на Инстаграм ја најавија заедничката средба во Белград на која во фокусот е економската соработка меѓу Грција и Србија.
„Мило ми е што сум со мојот пријател Александар и многу му благодарам за гостопримството. Сигурен сум дека вечерва и утре ќе постигнеме многу голови во нашите билатерални односи и во нашата соработка“, напиша Кирјакос Мицотакис во описот на фотографијата, фотографирана пред гол.
„Овој гол зад мене и премиерот Мицотакис го купи татко ми за малиот Вукан (с.с. шестгодишниот син на премиерот на Србија). Јас и Кирјакос само се сликавме со топката. Среќен сум што можам да го угостам големиот пријател на Србија, горд сум и на нашиот личен однос, верувам дека вечерва и утре ќе постигнеме големи резултати во унапредувањето на соработката на братските народи, српскиот и грчкиот“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.