Второ полугодие – онлајн или физичко присуство, ќе зависи од епидемиолошката состојба во земјава

Министерството за здравство ја информираше јавноста дека членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок дискутирале за повеќе предлог мерки, за кои дополнително ќе се донесат одлуки и заклучоци.

На Комисијата се разгледувал предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови.

На денешниот состанок Комисијата за заразни болести ја разгледувала и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година.

Одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата. Одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година ќе биде усогласена и со Министерството за образование и наука, информираа од МЗ.