Вработените препродавале лекови на онкологија?

Скандал ја тресе клиниката за онкологија во Скопје каде во моментов се врши проверка на документите. Се бара да се утврди дали вработени во клиниката препродавале цитостатици, зошто овие лекови ги нема и зошто клиниката е во долг од 12 милиони евра.

Онкологија не плаќала за терапии, ниту пак за комуналните трошоци. Министерот Беким Сали побарал ревизија од в.д. директората д-р Виолета Клисарова. Сали вели дека го сменил претходниот директор Нино Васев поради растечките долгови кои ќе растеле уште ако Васев не бил разрешен.

Сали смета дека ревидирање на работењето на Онкологија е неопходно, притоа најавувајќи дека во овие активности ќе се вклучат и Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Во меѓувреме, тој ќе чека информации од директорката, а потоа ќе одлучи дали и која институција ќе го продолжи овој случај.

Во долгови се и останатите клиники од комплексот Мајка Тереза. Тие заедно имаат голем долг за електрична енергија.