Во сообраќајка почина 44-годишна жена, сопатничка на мотоцикл

На 13.05.2023 околу 18.30 часот на магистралниот пат A4 Струмица – Радовиш кај с. Владевци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет спарк“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Т.(18) од с. Сушево, Струмичко и мотоцикл „кавасаки“ со кочански регистарски ознаки, управуван од С.К.(58) од Кочани.

На местото на несреќата починала сопатничката на мотоциклот Р.К.(44) од с. Градец, Виничко, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, додека мотоциклистот С.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар – Струмица.

Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.