Во Собранието седница на Комисијата за финансирање и буџет

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за финансирање и буџет.

На дневен ред на седницата се Годишниот извештај за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија за 2022 година, како и Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2023 година.