Во Словенија 75% од тестираните позитивни на Ковид 19

Во Словенија во последното деноноќие се регистрирани 13.911 заразени со коронавирусот, дури 75,5 отсто од тестовите биле позитивни, што е најголем број на заразени во еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти Националниот институт за јавно здравје.

Се уште не се објавени резултатите од 73.000 брзи антигенски тестови.

Седумдневниот просек на заразени во еден ден е безмалку 10.000.

Во Словенија има 101.906 активни случаи, соопшти тамошното Министерство за здравство.

Во болниците моментално има 608 пациенти со коронавирус, од кои 135 се на одделенијата за интензивна нега.