Во новата учебна година со старите проблеми: Учебниците за трето и шесто се уште не се испечатени

Новата учебна година утре ќе стратува без сите учебници, и покрај уверувањата дека нема да се повтори ланскиот старт на школската година.

Нова учебна година со стари проблеми. Од утре учениците од основно и средно образование ја почнуваат учебната година. Првиот ден во духот на прилагодувањето и запознавање со програмата. А веќе од понеделник дел од учениците заедно со наставниците ќе ги бројот деновите кога ќе имаат учебници. Министерот Шаќири соопшти учебниците за трето одделение се одобрени и ќе бидат многу брзо доставаени до учениците, а до крајот на Септември шестооделениците би требало да ги добијат учебниците, бидејќи Комисијата за учебници се уште ги нема одобрено.Министерот за образовние вели дека кај него нема одговорност, тој и неговиот тим навреме ја завршиле обврската. Но, не објасни кој е одговорен за доцнењето на учебниците и оваа година.

Новина оваа година за шесто одделение е што предметите географија, историја и граѓанско образование ќе бидат еден предмет но дека сите наставици ќе останат да имаат часови.

Во делот на најавените протести од страна на независниот синдикат на образиование министерот посочи дека на денешната средба ќе им биде образложено дека од 1 септември наставниот кадар ќе има повисоки плати за 35 проценти. Од оваа година учениците ќе имаат три распусти. Учебанат година ќе трае до 17 Јуни. Освен зимскиот распуст учениците ќе имаат и пролетен распуст од 29 април до 5 мај.