Во еврозоната точно 20 години се користи еврото

На денешен ден, пред точно 20 години почнаа да се користат банкнотите и монетите на еврото.

„Пред 20 години, луѓето во еврозоната за првпат држеа евро банкноти и монети во своите раце. Оттогаш, еврото стана дел од нашиот идентитет и култура. Тоа гради мостови меѓу Европејците“ – напишаа денеска од Европската централна банка (ЕЦБ).

Вкупно 12 земји од ЕУ го усвоија еврото како своја валута на 1. јануари 2002 година, а денес го користат повеќе од 340 милиони луѓе во 19 земји на ЕУ.

„Еврото стана столб на стабилноста и еднаквоста ширум светот, благодарение на вас. Стотици милиони Европејци веруваа во него, му даваа сила, доверба и го користеа секој ден“ – рече во видео порака по повод 20 годишнина од еврото директорката на Европската централна банка – Кристин Лагард.

Покрај сегашните 19 земји кои го користат еврото, во наредните години треба да се приклучат и Бугарија, Хрватска и Романија.

Еврото падна на второто место на најбезбедни валути по доларот. Сега претставува 20 отсто од светските девизни резерви наспроти 60 отсто за доларот.