Во Австрија 9 училишта затворени, 2.600 паралелки се во карантин

Во Австрија 2.600 паралелки се испратени во карантин поради коронавирусот, а 9 училишта се затворени, соопштија од тамошното Министерство за образование.

Засега, во земјата 95 отсто од часовите се уште се одржуваат нормално иако расте бројот на паралелки кои се префрлаат на онлајн часови.

Според тамошните правила, при откривање инфекција кај еден ученик, наставата продолжува нормално, но учениците мора да се тестираат секојдневно во наредните 5 дена. Доколку во рок од три дена се откријат инфекции кај друг ученик, паралелката се испраќа во карантин, односно на онлајн часови.

Инаку, учениците се тестираат трипати неделно во училиштата, од кои еден мора да биде ПЦР тест.