Војната во Украина ја чинеше светската економија 1.600 милијарди долари

Според студијата која сѐ уште не е објавена, војната во Украина ја чинела светската економија „над 1.600 милијарди долари“ во минатата година. Ова е резултат од студијата на Институтот за германска економија во Келн (IW), достапно на весникот „Rheinische Post“ од Дизелдорф.

Над 1.600 милијарди долари ја чинела светската економија војната во Украина. Ова се податоци на студија од институтот за германска економија во Келн. Според институтот  глобалното економско производство во 2022-ра година веројатно ќе биде повеќе од 1.600 милијарди долари помало отколку што ќе беше без руската инвазија на Украина“, напиша авторот на студијата Мајкл Громинг.

„Во 2023-та година, загубите на глобалното производство може да изнесуваат уште една 1.000 милијарди долари“, се вели во студијата.

Референтната вредност за пресметување на моделот „IW“ е бруто домашниот производ (БДП). Како основа за пресметките и проценките послужија есенските прогнози на Меѓународниот монетарен фонд. За таа цел, вистинскиот развој на БДП-то во 2022-ра година и прогнозата за 2023-та година се споредуваат со првично очекуваниот развој без војната во Украина на крајот на 2021-ва година.

„Со оглед на неизвесната економска перспектива, зголемените трошоци за финансирање (како резултат на зголемувањето на глобалните каматни стапки) и зголемувањето на цените на капиталните добра, компаниите ширум светот ги задржуваат инвестициите“, се вели во студијата.

Според студијата, апсолутните загуби во 2023-та година веројатно ќе бидат малку помали отколку во 2022-ра година, бидејќи се претпоставува дека глобалните пазари на стоки и енергија ќе се олеснат. Сепак, земјите во развој ќе изгубат повеќе во 2023-та година отколку во 2022-ра година, што претставува околу 40% од падот на глобалното производство.