Возачките дозволи ќе важат уште десет месеци, до крајот на годината

Собранието ја почна расправата за измените на Законот за безбедност во сообраќајот со кои возачките дозволи и со старото уставно име ќе важат до крајот на годините, а не до утре како што беше согласно актуелната верзија на Законот донесена поради Преспанскиот договор.

Со 89 гласа за и ниеден возадржан и против е изгласана потребата од донесување на измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, рече претседателот на Собранието Јован Митрески.

Тој кажа и дека матичните комисии ќе го разгледаат предлогот, пред да се стави на пленарна седница на гласање.

И претседателот Стево Пендаровски во изјава за медиумите рече дека ќе се продолжи важноста на возачките дозволи за 10 месеци.

„Можам да ве информирам дека сите пратенички групи безмалку сите дадоа поддршка, денеска во 17 или 18 часот е закажана седница на парламентот колку што јас знам, на која ќе се донесе измена на законот за возачки дозволи со која ќе се продолжи рокот за важење во внатрешноста на државата. Мислам дека во законот ќе стои 10 месеци плус, треба да се сменат во тие 10 следни месеци околу 270 илјади возачки дозволи и тоа е изводливо“, изјави Пендаровски.