Вистинската цена на најскапото Светско првенство во фудбал

Сè уште не можат да се проценат трошоците за Светското првенство. Сепак, едно е веќе јасно: тоа ќе биде најскапото во речиси 100-годишната историја на Мундијалите, која што започна во Уругвај во 1930 година.

Постојат проценки дека турнирот би можел да чини повеќе од сите вкупно одржани првенства досега, а станува збор за 21 мундијал.

Според различни извештаи и експертски мислења, цената значително ќе ја надмине границата од 200 милијарди долари. За споредба, последните две првенства беа најскапите во историјата на Светските првенства. Бразил во 2014 година и Русија во 2018 година чинат помалку од 15 милијарди долари.

Ден Пламлеј, експерт за спорт и финансии од Универзитетот Шефилд Халам, вели дека уште во 2010 година, кога на Катар му беше ветено дека ќе биде домаќин, се проценуваше дека Светското првенство потенцијално ќе чини 65 милијарди долари. „Тоа сигурно ќе биде најскапото Светско првенство според трошоците, а не ни знаеме колку ќе чини на крајот.