(ВИДЕО) Јолевски: Самата вокација актер е обид за слободен лет, а човекот е во вечна потрага по слобода

➡Едноставно тоа е професија која што не можеш да ја избереш затоа што мислиш дека ќе станеш славен. Тоа е професија која доаѓа некаде длабоко во тебе. Се работи за потреба да кажеш нешто и можеш да го изразиш само преку уметност, односно преку театарската уметност - мојата определба. Уметникот не ја бира професијата, професијата го бира него. ➡Точно е дека уште во основно училиште, во прво одделение, влегов во драмската секција, точно е дека за патроните празници режирав претстави за училиштето и уште на свои 11 години влегов во театарот, во Битолскиот народен театар, како дете актер и до Факултетот за драмски уметности ги играв сите улоги на деца на сцената на Битолскиот театар, така што оваа година не е само 40 години професионалната актерска или театарска дејност, туку е 50 години од моментот кога првпат стапнав на штиците на Битолскиот народен театар, вели Јолевски. ➡Тој вели дека сѐ уште не почувствувал замор, напротив сѐ уште има мотивација, волја, желба, снага, енергија да ја работи оваа работа. ➡За тоа која е разликата помеѓу Ѓорѓи Јолевски актерот и Ѓорѓи Јолевски режисерот, тој вели дека се чувствува многу комотно кога е на сцена и кога игра, но одвреме навреме има потреба да каже нешто друго. ➡И она што актерот го прави на сцената додека игра, треба во еден момент да заборави на текстот, да заборави на контекстот, на идеите, на начинот на работа, едноставно да се впушти во длабината на емоциите и да може по пат на енергија, емоции да го изведе она што го работел неколку месеци или години претходно. ➡Дефинирајќи ја слободата, Јолевски вели дека човекот во принцип е во постојана потрага по слободата - слобода на мислење, слобода на чувствување, слобода на живеење, слобода на изразување. Едноставно е во вечна потрага.

„Битолската публика е профилирана публика којашто го има изградено својот вкус во однос на театарската продукција на Битолскиот народен театар, којшто беше водечки и е еден од водечките театри во Македонија, промовирајќи и класици, нови дела. Има феноменална актерска екипа, така што публиката е многу специфична, многу критична и секогаш кога се настапува во родниот град, секогаш се има трема“, изјави актерот Ѓорѓи Јолевски говорејќи за почетоците на неговата кариера.

Јолевски глумата ја чувствува како потреба.

„Едноставно тоа е професија која што не можеш да ја избереш затоа што мислиш дека ќе станеш славен. Тоа е професија која доаѓа некаде длабоко во тебе. Се работи за потреба да кажеш нешто и можеш да го изразиш само преку уметност, односно преку театарската уметност – мојата определба. Уметникот не ја бира професијата, професијата го бира него.

-Точно е дека уште во основно училиште, во прво одделение, влегов во драмската секција, точно е дека за патроните празници режирав претстави за училиштето и уште на свои 11 години влегов во театарот, во Битолскиот народен театар, како дете актер и до Факултетот за драмски уметности ги играв сите улоги на деца на сцената на Битолскиот театар, така што оваа година не е само 40 години професионалната актерска или театарска дејност, туку е 50 години од моментот кога првпат стапнав на штиците на Битолскиот народен театар, вели Јолевски.

Тој вели дека сѐ уште не почувствувал замор, напротив сѐ уште има мотивација, волја, желба, снага, енергија да ја работи оваа работа.

„Вљубен сум во професијата. Она што го правам го правам затоа што сакам, можам, мислам дека знам и дека е нешто од коешто не може човек така лесно да се откаже. Оваа професија е некаков вид на мотор, којшто ме вози, ме движи низ животот и мислам дека до последниот здив ќе се обидувам да ја работам“, додава Јолевски.

За тоа која е разликата помеѓу Ѓорѓи Јолевски актерот и Ѓорѓи Јолевски режисерот, тој вели дека се чувствува многу комотно кога е на сцена и кога игра, но одвреме навреме има потреба да каже нешто друго.

„Да кажам низ призмата на концепт, низ призмата на некаков вид на сондажа на системот којшто ме опкружува. И во тие моменти кога сакам да направам нешто поинаку, тогаш влегувам во таа возбуда да режирам претстави, да правам различни концепти. Се појавувам и како режисер и продуцент, некогаш само како режисер, но многу е различно, бидејќи режисерската работа има и организационен дел, има дел на некаков вид на обединување, на реализација на самиот концепт, работа со актери, работа со техника, со уметничката екипа и се разбира е исто така нешто што мене ме возбудува. Се обидувам да бидам колку што е можно повеќе радознал, да го видам театарот од различни агли, од различни аспекти, и тоа на некој начин до сега ми успева, вели Јолевски.

Тој вели дека кога станува збор околу подготовката за „Хамлет“ трчал и по десетина километри.

„Претставата беше 3 часа и 40 минути, тоа е и физички многу напорна, сложена, тешка улога, со огромна екипа во Драмски театар. И за да може актерот да издржи толку време на сцената, да може да биде спокоен во емотивниот контекст, физичкиот дел, односно телото треба да биде подготвено. Како што треба да биде подготвена мислата, како што треба да биде подготвен говорниот апарат. И она што актерот го прави на сцената додека игра, треба во еден момент да заборави на текстот, да заборави на контекстот, на идеите, на начинот на работа, едноставно да се впушти во длабината на емоциите и да може по пат на енергија, емоции да го изведе она што го работел неколку месеци или години претходно.

-И да точно е дека трчав 10 километри за 40 минути, говорејќи стихови. Значи тоа беше главното – да може дијафрагмата да с постави така како што треба, за да може да се одигра улогата како што треба. Бидејќи оваа работа не е само споро чекорење, туку е маратон којшто треба да се издржи. И задачата на актерот е да биде подготвен“, смета Јолевски.

Дефинирајќи ја слободата, Јолевски вели дека човекот во принцип е во постојана потрага по слободата – слобода на мислење, слобода на чувствување, слобода на живеење, слобода на изразување. Едноставно е во вечна потрага.

„Големите ликови, коишто се од големите класици, потрагата по слобода ја имаат внатре втемелено или вткаено во самиот лик. Како што е Хамлет, како што е, или како што е Ставрогин, тоа се ликови коишто се во постојана потрага по слободата и по самоизразувањето. Но и човекот е во постојана потрага по слобода, така што самата вокација – актер, е некаков вид на обид за слободен лет.

-Пред неколку дена на Еуродрам имав можност да промовирам една прекрасна книга „Зад мене белина“ на Мартин Кушеј, еден од најголемите европски режисери на театар и опера во последниве 20-30 години, и токму таму правејќи паралела помеѓу неговиот живот во последните 40 години, и мојот живот во последните 40 години, пронајдов различни точки на блискост или еднаквост во третманот на делата коишто сме ги работеле. Таму токму зборував за различни моменти на актерско изразување во однос на потрагата по слобода.

-Го потенцирав моментот во почетокот на деведесеттите години, уште пред да ја добиеме нашата независност, кога потрагата по слобода ја изразив преку летот на ранетиот сокол кој што се појавува во соништата или мислите на болниот емигрант.

-За да се дојде до таков вид на момент потребна е постојана потрага и постојано истражување. Себе истражување и истражување на околностите во кои живееме“, вели Јолевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото.