(Видео) Трендафилов: Ако Владата е безобразна со нас, тогаш ССМ излегува на улица

Загрижува тоа што, смета Трендафилов, работодавачите ги менуваат ставовите како политиката ја менува својата цел. Сега кога и политичката партија и владата не нападнаа како ССМ, а нападот е само поради тоа што бараме корка леб или зголемување на минималната плата, работодавачите кои претходно изјавуваа дека бараат субвенцонирање, ослободување од плаќањето на придонесите, денеска како да се лепат на Владата, односно велат дека Владата го напаѓа ССМ па сега е моментот и ние да го нападнеме, па работниците да не добијат ништо. Работодавачите да бидат ослободени од плаќање на придонеси, ако државата нема пари во буџетот да ги субвенционира истите за работниците.

„Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) достави предлог во кој има неколку чекори за да се зголеми минималната плата и таа истата да достигне 30.000 денари, колку што сметаме дека е потребно за намирување на основните прехранбени прозиводи или покривање на 50% од синдикалната минимална кошница. Тоа што го велат и од Владата и од работодавачите побаравме да не го прават еднострано, но гледаме дека тие еднострано сами за себе одлучуваат и голема е веројатноста работниците да бидат оставени сами да одлучат за следните чекори“, вели првиот човек на ССМ Слободан Трендафилов околу ставот на Мицкоски дека во буџетот нема пари за зголемување на минималната плата, односно државата не е подготвена да ги субвенционира придонесите за работниците.

-Едни од механизмите се протестите и штрајковите, вели Трендафилов и додава дека пред неполна недела упатиле апел и замолиле како релевантен социјален партнер да седнат на зедничка маса, да ги слушнат аргументите и „потоа да ни судат, но тие веќе ни пресудија пред да не видат“.

Работодавачите ги менуваат ставовите како политиката ја менува својата цел

Загрижува тоа што, смета Трендафилов, работодавачите ги менуваат ставовите како политиката ја менува својата цел. Сега кога и политичката партија и владата не нападнаа како ССМ, а нападот е само поради тоа што бараме корка леб или зголемување на минималната плата, работодавачите кои претходно изјавуваа дека бараат субвенцонирање, ослободување од плаќањето на придонесите, денеска како да се лепат на Владата, односно велат дека Владата го напаѓа ССМ па сега е моментот и ние да го нападнеме па работниците да не добијат ништо.

-Но забораваат дека 70.000 членови на ССМ и 600.000 работници очекуваат од нив да испорачаат зголемување на платите и не ги и нтересираат политикантските игри и изговорите на газдите“, вели Трендафилов.

„Она што е добро е тоа што конечно ССМ се издигна како надпартиска организација која не ја интересира кој е на власт, кој од која политичка опција доаѓа, имајќи предвид дека токму во ССМ има работници од сите политички провиниенции, како и работници кои не се членови на ниту една политичка партија, но тоа што не обединува е потребата од зголемување на плати, овозможување на пристоен живот за нашите семејства и овозможување на некои неопходни работи кои треба секој да може да си ги дозволи – како годишен одмор, да не се плашиме во супер маркет да влеземе и сл.

-Затоа мислам дека политичката гола битка е на политичарите и таму ја оставаме, немаме намера да се пресметуваме со нив, но работничката борба за зголемување на работничките плати е чиста работничка борба и секој кој се обидува да ја исполитизира ќе наиде на отпор. Но тоа што е добро е тоа што беше добро и во 2022 година кога некој во Парламентот мораше да предложи амандман на ССМ, добро е и сега некој да предложи. Ги повикувам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го направат истото, да се погрижат за работниците онака сложно како што се погрижија за нивните патни трошоци. Имаме една македонска народна поговрка „Сложни попови и во петок мрстат“, и како што се сложни за себе да можат да уживаат придобивки, кои патем ги плаќаме сите ние, да изгласаат зголемување на работничките плати, смета Трендафилов.

-Тоа што го велевме ние, Владата да субвенционира, ако не сака, тогаш нека ги ослободи од плаќање на придонеси работодавачите на кои уште им подаваме рака, а и подаваме рака и на Владата, таа заедно со ССМ одлучи да се зголеми минималната плата, онолку колку што бараат работниците, додава Трендафилов.

Што доколку предлогот не биде прифатен и како ќе се обезбеди достоинството на обичниот граѓанин, Трендафилов потенцира дека предлогот е од пред неколку дена и е во неколку фази.

„Првата фаза беше зголемување на минималната плата согласно законската методологија – 50% од порастот на трошоците за живот и 50% од порастот на просечната плата што го извојувавме со протести и штрајкови во 2022 година. Ако на таков начин се усогласи платата, таа би дошла некаде околу 24.400 денари. Прашувам некој дали смета дека тоа во Македонија е доволно. Јас како Слободан Трендафилов сметам дека не е. ССМ смета дека не е. 600.000 работници сметаат дека не е.

-Вториот чекор беше зголемувањето на оваа плата да биде субвенционирано како дел на придонесите од 24.400 до 30.000 денари, за што Владата најави дека нема средства во буџетот.

-Третиот чекор беше Владата да ги ослободи работодавачите од плаќање на придонесите за тие да можат да ги зголемат сите плати за 6.000 денари, но за тие 6.000 денари работодавачите да бидат ослободени во период од 12 месеци да плаќаат придонеси, што е клучно. Ние со тие пари нема да одиме во банки да штедиме“, вели Трендафилов.

Доколку нема слух и одлучуваат против нас, тогаш ние ќе одлучиме против нив

На прашањето што доколку на сите овие предлози, сугестии, ниту Владата, ниту работодавачите не излезат во пресрет и дали 600.000 работници ќе излезат на улица, првиот човек на ССМ вели дека секој еден работник доколку смета дека му е потребно зголемување на платата да дојде во синдикатот за „заедно да се избориме“.

„Доколку нема слух и одлучуваат против нас, тогаш ние ќе одлучиме против нив. Излегувањето на улица покажавме дека е најмалиот проблем и тоа може да го направиме и утре. ССМ минатата година кога оваа Влада не беше влада излезе на протсети на 2-ри април, на 7-ми април и на 1-ви мај. Можеби и оваа година може да се случи нешто слично, имајќи предвид дека тие се безобразни кон нас. Ние ќе бидеме два пати побезобразни. Јас се надевам дека Владата знае дека навистина е потребно подобрување на животниот стандард и тоа што охрабрува е тоа што претседателот на Владата го зборува истото што го зборувам и јас, но не се подготвени на одредени отстапки, поради тоа што немале предвидено средства во буџетот, но има начин како без средства во буџетот да добијат дополнителни средства во буџетот. На работодавачите им подадовме рака, дури и нивен беше предлогот 31.500 денари со замрзнување на придонесите. За тоа подадовме рака, па дури и се откажавме од придонесите во период од 12 месеци. Не знам што можеме повеќе од тоа да направиме освен да излеземе на улица“, потенцира Трендафилов.

Се прави упад во синдикалното работење

Трендафилов вели дека во моментов одредени политички играчи се обидуваат да направат упад во Синдикатот, нешто што е недозволиво.

„Упадот се прави со политичка наредба и тоа се пресликува на локално ниво. Нив треба повеќе да ги загрижува што на локално ниво имаат избори за 5 месеци. Се соочуваме со притисоци од политички играчи со цел да помогнат на друг Синдикат кој е против зголемување на платите, кој сака да го укине општиот колективен договор и кој и ветува на Владата дека ќе прифати се што ќе каже таа“, вели Трендафилов.

Целото интервју со Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија дадено за магазинот „Трилинг“ погледнете го во видеото.