
Пет луѓе загинаа, а 37 се повредени при удар на руска ракета во центарот на Чернихов, град на северот на Украина, соопшти министерството за внатрешни работи. Меѓу повредените се и 11 деца. „Би-Би-Си“ пренесува дека оштетувања има на главниот плоштад, на зградата на универзитетот и на театарот.
Чернихов се наоѓа во близина на границата со Белорусија. Русија го зазеде градот на почетокот на инвазијата, но подоцна беше вратен под контрола на украинските сили.
„Руска ракета го погоди точно центарот на градот, во нашиот Чернихов. Плоштадот, политехничкиот универзитет, театарот. Обична сабота која ја претвори во ден на болка и загуба. Има мртви, има ранети“, напиша украинскиот претседател, Володимир Зеленски на Телеграм.
Во меѓувреме, Русија тврди дека украински дрон погодил воен аеродром во северозападниот регион, Новгород.
„Како резултат на терористички напад на територија на аеродромот, изби пожарот на паркингот за авиони кој набрзо беше изгаснат од противпожарната служба“, објави руското Министерство за одбрана на Телеграм.
Од таму додаваат дека еден авион е оштетен, но нема информации за жртви.
Украина засега не се изјасни за наводниот напад со дрон.
This is what it means to live next to a terrorist state. This is what we are uniting the entire world against.
Today, a Russian missile hit the heart of Chernihiv. A square, a university, and a theater. Russia turned an ordinary Saturday into a day of pain and loss. There are… pic.twitter.com/AMgXCVfR7h
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 19, 2023