(ВИДЕО) Пратеничката од СНС, Лидија Вукиќевиќ полиена со јогурт пред српското Собрание

Пратеничката од СНС, Лидија Вукиќевиќ, беше полиена со јогурт, по што утрово, на 17 ноември, пред почетокот на првата седница, настана хаос пред влезот во Собранието.

Пратеничката од СНС, Лидија Вукиќевиќ, беше полиена со јогурт, по што утрово, на 17 ноември, пред почетокот на првата седница, настана хаос пред влезот во Собранието.

Додека идните пратеници минуваа низ барикадите, врз главата на актерката Лидија Вукиќевиќ беше истурен јогурт.

Инаку, ова ќе биде трет мандат на Лидија во српското Собрание, овој пат како претставничка на партијата СНС.

Актерката била пратеничка во два претходни мандати:

– Од 2007 до 2008 година (7-ми состав)

– Од 2008 до 2012 година (8-ми состав)

Вкупно, во тој период, таа помина околу 5 години како пратеничка (како членка на СРС).

Денес се одржува конститутивната седница на новиот состав на Народното собрание на Србија, на која таа повторно се појави како пратеничка, додека нејзиниот мандат во новиот состав допрва треба да биде потврден.