(Видео) Паника во Сараево, мечка се шета по улица

Во сараевската населба Вратник утрото е забележана мечка како се движи во правец кон градот.

„Колегите од Стари Град не информираа дека контактирале со Ловното друштво Стари Град во врска со појавата на мечка“ – пренесува „Дневни аваз“.

Претседателот на Сараевското ловечко друштво Муриз Буква за „Кликс“ потврди дека ја следат мечката и ја упатуваат да се врати од каде што дошла.

-Се обидуваме да го вратиме, а тој веќе се упати кон касарната, односно кон Змајевац. Тоа го правиме и ако треба ќе го заспиеме и ќе го вратиме. Во контакт сме со Ветеринарниот факултет. Ако почне да прави проблеми и да лудува, ќе мора да го застреламе за да не повреди никого – изјавил Буква.

Иако жителите од овој дел на Сараево се загрижени, надлежните истакнуваат дека нема потреба од паника, бидејќи мечката е под контрола.