(Видео) Меџити: Ахмети со паметот на Груби ја доведе ДУИ до ова дереџе

„Единствена опција во албанскиот политички блок е ВРЕДИ, ДУИ е граѓански концепт, тоа не се гласови на ДУИ туку на Европскиот фронт. Ние на овие избори немавме конкуренција. Првпат од 90-тите до сега албанската опозиција надминува 100.000 гласови. Тие што ги познаваат приликите, во ИЕ 6 наместо 9-7, може да има 8-8 сооднос на пратеници. Во минатото имало 250.000 активни албански гласови, сега тврдам дека нема повеќе од 200.000 албански гласови. ДУИ со 85.000 ласови во 2016 година ги претставуваше Албанците во Владата“ – вели во Трилинг – Изет Меџити лидер на Демократско движење кое е дел од коалицијата ВРЕДИ.

На прашање дали Меџити е изненаден од изборните резултати, вели „Не е добро што е голема разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Не очекував толку голема разлика. Очекував околу 50 пратеници за ДПМНЕ и околу 30 за СДСМ. Во албанскиот кампус знаев дека ќе има промена од пред две недели. 2009 година воедно беа Локални и Претседателски избори. Во Чаир истиот гласач во 4 листи гласаше за ДУИ, за претседател гласаа за Имер Селмани. Очекував таква промена и сега“.

„Разговаравме, деновиве треба да почнат со работа работните групи од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и на ВРЕДИ. Приоритети наши се борба против корупција, враќање на правната држава, економски развој и интеграција“ вели Меџити.

На прашање дали ќе има мирно „проветрување“ во институциите, вели „За жал, Ахмети со паметот на Груби ја доведе ДУИ до ова дереџе. За жал, ДУИ ќе се соочи со феноменот на ДПА и ПДП. Згаснаа целото. Ахмети оди по патот на Тачи, нема капацитет на владее. ДУИ нема да има повеќе од 8-9 пратеници, сите по возраст се над 65 години. Тие може да се претставници на пензионерска партија. Ги чекаат тешки опозициски денови. Дечките околу Ахмети се само додека се на власта, потоа…“.

„Ние сме подготвени да придонесеме да се зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, бараме и од најголемата заедница тука да не остане чувството кај Албанците бројка 20%. Да најдеме сили, да се помагаме, отколку да се тепаме“ вели Меџити.

Тој напомена дека во програмата има отворање на албанска банка.

„Идејата е, како може втора заедница во Македонија ни со 1% присутна во банкарскиот систем. Ова е наша идеја, ако има друга идеја, отворени сме за разговор“ вели Меџити.

На прашање каков ќе биде односот на ВРЕДИ за решавање на српско-косовскиот проблем, вели „Во Косово има демократска Влада, во однос на Србија каде има полудиктатура. Очекувам дека ќе се најде решение на маса, со дијалог. Ние сме го признале Косово. За Курти, чудно е што го немаше две три недели, а Еди Рама бараше отворено глас за Ахмети. Многу е природно да соработуваме со Албанија и Косово. Курти има тесна соработка и со СДСМ, идеолошки“.

Го прашавме Меџити – Што ќе барате од Мицкоски за да партиципирате во идната влада?

„Една работа, да не биде флексибилен кон раководството на ВРЕДИ како што беше СДСМ кон ДУИ. Имаше перцепција дека ДУИ владее со државата. Албанците веќе не бараат само симболика. Албанците сакаат власта да ја реализира програмата, да биде во функција на граѓаните. Деновиве ќе почнеме преговори за принципите на идната влада, а во втор план се ресорите, министерски, директорски“.