(Видео) Марсело направи еден од најбруталните фаули во историјата на фудбалот, па со плачење го напушти теренот

Легендарниот бразилски фудбалер Марсело го направи најлошиот фаул во неговата кариера. Искусниот 35-годишен дефанзивец кој настапува за тимот на Флуминесе, направи брутален фаул на дуелот против Аргентинос Јуниорс, поради кој веднаш беше и исклучен.

Се играше 58 минута кога Марсело згазна на ногата на Лучијано Санчез и му ја скрши. Марсело немаше намера да го повреди противникот, но го направи еден од најлошите стартови што може да се види во фудбалот.


Судијата веднаш му покажа црвен картон, а Марсело со плачење си замина од теренот.

Бразилецот цели 15 години настапуваше за Реал Мадрид, каде ги освои сите најзначајни трофеи.

Потоа замина кратко во Олимпијакос, за да сега се врати во родниот Бразил.