
(Видео) Во Трилинг со Тодоров, Маршавелски, Беџети, Незири и Србиновски
Во новото издание на магазинот „Трилинг“ гостуваат Зоран Тодоров граѓански активист, проф. Александар Маршавелски од Правниот факултет во Загреб, Блерим Беџети координатор на пратеничката група на Европскиот фронт, Џелал Незири аналитичар и Александар Србиновски национален координатор на Глобалната иницијатива.
Во новото издание на магазинот „Трилинг“ гостуваат Зоран Тодоров граѓански активист, проф. Александар Маршавелски од Правниот факултет во Загреб, Блерим Беџети координатор на пратеничката група на Европскиот фронт, Џелал Незири аналитичар и Александар Србиновски национален координатор на Глобалната иницијатива.

Истрагата за Кочани сѐ уште трае, семејства на настраданите бараат одговорност за трагедијата во која загинаа 62 лица.
Може ли состојбата на ескалира?
„Кој потфрлил во овој случај? Потфрлиле сите – од МВР до луѓето кои ги издаваат лиценците, тоа е Министерството за економија. Гневот на родителите може да ескалира. Тие се во тешка состојба. И не само тие. Сите граѓани во Кочани се во тешка состојба. Доколку имаме селективност ризикуваме пак во иднина да имаме нешто слично, дали е пожар или сообраќајќи не е битно“.
Интервју со Зоран Тодоров граѓански активист.

Дали казната од 12 години затвор за возачот Васил Јованов е во рамки на европската пракса, одговор на прашањето дава професорот од Правниот факултет во Загреб Александар Маршавелски.

Што ја прели чашата Таравари да си замине од Владата и кои се причините за обединување со Али Ахмети, интервју со Блерим Беџети координатор на пратеничката група на Европскиот фронт.
„Пристапот на Владата кој секој ден се обидува да ги ускратува правата на Албанците треба да ги спои сите избрани пратеници и да се приклучат кон идејата за предвремени парламентарни избори“.
„Овој дел од ‘ВЛЕН’ некои од нив се класично уценети измеќари и ништо повеќе.
„На секого му е јасно дека политичката моќ во оваа држава е во канцеларијата на премиерот“.

Можни ли се предвремени парламентарни избори и колку парламентарното мнозинството му дава комоција на премиерот Мицкоски, разговор со аналитичарот Џелал Незири.
„Владата ќе биде во една таква ситуација да трча по нови пратеници“.
Зошто сѐ уште не се надзира крај руско-украинскиот конфликт, анализираме со национален координатор на Глобалната иницијатива.

„Не верувам дека Путин воопшто некогаш ќе седне на преговарачка маса со Зеленски“.
Гледајте не вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.