(Видео) Возачот не ја кренал рачната, прегазени се 29 ученици

Камион без возач во него прегази 29 ученици на фестивал во Киргистан!

Возилото, кое го користел продавач на сладолед, ненадејно тргнало надолу и прегазило толпа ученици, од кои многумина биле свртени со грб. Некои успеаја да побегнат, но многумина немаа среќа.

Осумнаесет деца на возраст од 9 до 16 години се хоспитализирани, додека седум се во критична состојба.

Застрашувачкиот инцидент го снимила камера на дрон која го снимила моментот кога децата држеле големо знаме на Киргистан.

На видеото се гледа како камионот ненадејно се движи по удолнината и минува низ групите деца. Медиумите пренесуваат дека тој постигнал брзина од речиси 50 километри на час. Се гледаат и некои мажи кои се обидуваат да скокнат во возилото за да го запрат.

– Возачот заборавил да ја повлече рачната сопирачка – се вели во еден извештај.

Полицијата започна прелиминарна истрага за инцидентот.