(Видео) Бугарскиот писател Денчев: Двата јазици се разликуваат, има слични зборови, но постои нешто што се вели „лажни пријатели“

„Скопје е присутно како град на солидарноста, по завршувањето на земјотресот и начинот на кој паѓа главниот протагонист. Емпатијата се повеќе исчезнува во денешниот живот, се јавува оттуѓување меѓу луѓето, особено преку променетата форма на комуникација, и не сум сигурен дали може да се зборува за солидарност во таа смисла. Вистинитоста за човековите односи се смета дека е под закана денес“ – вели во најновото издание на „Трилинг“ бугарскиот писател Петар Денчев, творец на романот „Малиот бог на земјотресот“ кој е преведен на македонски јазик.

На прашање дали сме ние (македонскиот и бугарскиот) блиски народи, но различни јазици вели „Двата јазици се разликуваат, имаме слични зборови, но постои нешто што на англиски се вели `лажни пријатели`, на еден јазик работите значат едно, на другиот сосема друго. На пример `вредно` на бугарски значи сосема различно од она што означува на македонски. Ако некој не го знае културниот контекст, ако не го знае духот на јазикот и може да се збуни.

За тоа дали е уште постојат предрасуди во врска со двата народи, Денчев е категоричен дека „тоа има историски корени во минатото, јас во Македонија не сум доживеал никакви предрасуди. Самиот факт што мојот роман е објавен во Скопје, што имам тука многу пријатели, го покажува спротивното“.

„Политиката ме интересира доколку таа се занимава со мене, а не јас со неа. Уметноста ја има најглавната функција за да ги градиме заедничките наративи. Кога читаме македонски автори во Бугарија, можеме да се асоцираме со луѓето кои живеат тука, со нивните проблеми, како генерации. Во секој случај, тие ѕидови ги срушивме“ вели Денчев.

Тој смета дека „не ни треба минатото за да го разбереме, за прво да знаеме дали можеме да бидеме овде и сега како поединци. Другиот проблем е кога минатото го зазема местото на иднината и одеднаш иднината станува дефицит. Шпекулирањето за тоа што е минато, а што иднина е клучно прашање за тоа како треба да функционираме.

На прашање колку Балканот генерално е европеизиран, ќе рече:

„Нема сомнежи, не треба да имаме никави комплекси. Таканаречената балканизација во својата негативна конотација е нешто што е веќе доживеано, веќе застарено“.