На темите од геополитиката, Русија и Украина, руско влијание на Балканот и слично зборуваме со долгогодишниот дописник од Москва, колумнист и аналитичар Мирче Адамчевски вечерва во новото издание на Трилинг.
На прашање за руската контраофанзива Адамчевски вели дека ова е само прв чекор на Украина за враќање на територии.
Ова е прв чекор на Украина да си ги врати своите територии кои се под контрола на Русија кои фактички се и дел од Русија бидејќи државната Дума ги внесе во нивниот Устав, започнува Адамчевски.
Аналитичарот вели дека засега тешко оди контраофанзивата на Украина затоа што Русите се добро утврдени на своите позиции.
Ќе бидеме сведоци на крвави борби, а каков ќе биде епилогот никој не знае, продолжува тој и додава дека Русија неколкупати досега имаше црвени линии, сите црвени линии кои беа поставени од Русија западот ги прегази.
Тој вели дека можно е да дојде до одредена заедничка држава меѓу Украина и Полска која би била членка на НАТО.
Јас мислам дека Украина ќе биде членка на НАТО, дури кога ќе се заврши војната, вели поранешниот дописник од Москва.
Околу Бајден и Макрон тој го даде своето мислење:
Тие навидум се за мировно решение, но ако сакаат преговори нема да трупаат оружје, вели Адамчесвки.
За руското влијание во регионот тој вели дека Русија првенствено е посветена на внатрешната ситуација и случувањата во Украина, а таа нема сила и можности за влијание во регионот.
Повеќе може да погледнете од видеото во продолжение: