Бујар Османи во дводневна работна посета на Брисел
„На средбите ќе бидат отворени темите за европската перспективи на земјата, но и за последните случувања поврзани со нарушените меѓуетничките односи и загрозувањето на основните принципи на Охридскиот рамковен договор“, се вели во соопштението.
Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, е во дводневна работна посета на Брисел каде ќе оствари бројни средби со претставници на Европската комисија, Службата за надворешни работи на ЕУ, како и европарламентарци, се вели во соопштението од ДУИ, кое МИА го објавува интегрално.