
Во силниот земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, што го погоди Мароко, загинаа стотици луѓе, додека голем брод беше оштетен. Уништени се многу станбени објекти, а населението во паника ги напуштило своите домови. Според последните податоци што ги објави Си-Ен-Ен повикувајќи се на мароканската државна телевизија, загинале 632 лица, а 329 се повредени.
Земјотресот се случи во планинскиот венец Висок Атлас во Мароко, нешто по 23 часот по локално време.
Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со прелиминарна јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, а потресите траеле неколку секунди. Според нивниот извештај, земјотресот се случил на релативно мала длабочина од 18,5 километри, со епицентар на 72 километри југозападно од Маракеш. Сеизмичката агенција на Мароко процени дека епицентарот бил на длабочина од 8 километри. Во двата случаи, ваквите плитки земјотреси се опасни.
Мароканскиот геофизички центар соопшти дека земјотресот се случил во областа Игил на планините Висок Атлас. Само 19 минути по првиот земјотрес се случи уште еден земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала.
Игил, планинска област со мали земјоделски села, се наоѓа на околу 70 километри југозападно од Маракеш. Локалните власти соопштија дека повеќето од смртните случаи се случиле во планинските области до кои е тешко достапни.