Брнабиќ: Брутална лага на Албин Курти

Премиерката Ана Брнабиќ изјави дека е лага тврдењето на премиерот на Косово, Албин Курти, дека, како што наведе, „паралелните структури контролирани од Србија“ на север ги чинат граѓаните и даночните обврзници на Република Косово 320 милиони евра поради наводно неплатени сметки за струја и 17 милиони евра за водоснабдување од 1999 година.

„Ова е само еден пример за размерите и смелоста на лагите на Албин Курти. Можете ли да замислите до кој степен тој лаже за работи кои се потешки за проверка и кои се помалку очигледни (а кои се помалку познати) од ова? Брутално“ напиша Брнабиќ на Твитер.

Таа го сподели постот на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, кој посочи дека Албин Курти треба да најде друго оправдување за тоа што неговата каса е празна и да престане да лаже и да ги криминализира Србите.