„Бритиш ервејз“ откажа 10.000, „Американ ерлајнс“ 31.000 летови

„Бритиш ервејз“ планира да откаже околу 10.000 кратки летови оваа зима. Од авиокомпанијата велат дека целта на овој потег е да се минимизираат нарушувањата, а тоа ќе влијае и на некои долги летови, пренесува „Би-би-си“.

„Бритиш ервејз“ ќе укине и по десетина повратни летови дневно, со вкупно 629 летови до крајот на октомври. Најголем дел од откажаните летови ќе бидат на релации за кои има алтернативен превоз.

Минатата недела, „Американ ерлајнс“ откажа околу 31.000 летови, околу 16 отсто од својот ноемвриски распоред. Тоа е огромна бројка во споредба со 19.000 летови што американскиот авиопревозник претходно ги откажа летово.

Авиокомпаниите го обвинуваат постојаниот недостиг од персонал, заедно со големата побарувачка за патувања. Најголем проблем е недостигот од пилоти.