Бразилецот е пред потпис со Ал Хилал во Саудиска Арабија

Нејмар ја чекаше Барселона, но доби – посилна понуда од Ал Хилал и е на чекор од преселба во Саудиска Арабија!

Радио Монте Карло и Фабрицио Романо синоќа објавија дека Ал Хилал испратил зголемена понуда која Нејмар е подготвен да ја прифати.

Бразилецот сакаше да се врати во Барселона, но Каталонците немаат пари, а Чави не сака Нејмар да ја наруши атмосферата во млад тим на кој навистина не му треба недисциплиниран лидер.

Се уште не се знае дали Нејмар навистина ќе го раскине договорот или Ал Хилал ќе плати некаква отштета.

Нејмар е подготвен да се откаже од парите од парижаните бидејќи во Саудиска Арабија го чека уште поголема сума, наводно дури 100 милиони евра по сезона.

Дури се шпекулираше дека Ал Хилал би можел да се согласи да го испрати на едногодишна позајмица во Барселона, но тие гласини сега згаснаа.

Чави јасно стави до знаење дека Жоао Кансело е апсолутен приоритет, додека Жоан Лапорта беше најголемиот поборник за враќање на Нејмар, пред се од маркетиншки причини.

Сепак, парите одиграа голема улога во секоја смисла, бидејќи во Барселона Нејмар можеше да заработува најмногу 13 милиони евра по сезона, во Ал Хилал ќе има седум пати повеќе …

Што се однесува до Ал Хилал, летово ги доведоа – Кулибали, Рубен Невес, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Малком, а со Нејмар навистина ќе го имаат најсилниот тим во Саудиска Арабија.