
Европската унија треба да обезбеди Украина да има доволно муниција за да ја продолжи борбата против руската инвазија, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борел.
Тој во Брисел, пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, рече дека тоа е најитното прашање, пренесува Ројтерс.
„Доколку не го сториме тоа, исходот од војната е во опасност“, посочи Борел.
Тој изјави дека руската артилерија истрелува околу 50.000 истрели дневно и дека Украина треба да биде на исто ниво.
Според Борел, Украина има топови, но нема муниција.