
Стефан Богоев – директорот на Царина на телевизија 21 зборуваше за заплената на обврзници која беше објавена вчера.
„Судот донесе одлука да ги одземе, се работи за турски државјанин. Вредноста е глема, се рабти за 184.000 обврзници, по 500.000 долари вредност. Јас сум горд што цариниците успеја да го запленат“, рече Богоев.
Тој додаде дека „кај патникот било сомнително тоа што цариниците добиле конфузни одговори. Варира приказната и има разлика од одговор до одговор. Првото прашање е каде одите и што е вашата цел. Каде ќе престојувате, што работите и тука имаме различни изјави. Тоа дава доза на дополнителен сомнеж. Има разлика меѓу името и податоци на патникот и името на сопственикот на обврзниците, и не биле на негово име, и сите овие работи ни даваат дополнителна основа. Инаку да напоменам дека се е поврзано со странски банки, со странски држави, единствено што тука кај нас се запленуваат и секоја помош меѓународна е добродојдена“.