Битраков: Нема сериозна намера за реформа на администрацијата, а има превработеност

„Имаме грешка уште во терминот реформа во јавна администрација. Се што ќе презентираме како реформа на јавната администрација во суштина не доведуваме до никаков резултат. Немаме стратешки приод, имаме државни стратегии, не ги почитуваме.Константно говориме за тоа дека ни е гломазна администрацијата, немаме никаква политичка волја за да работиме, секоја година се објавуваат 10, 20, 30 институции кои немаат ниту еден вработен, зошто не се укинат тие инстируции“ – вели Константин Битраков – асистент истражувач во МАНУ за „Трилинг“.

Тој смета дека „Нема сериозна намера за реформа на администрацијата, има превработеност, онаму каде е најлесно да се вработат. Од 130.000 вработено во јавниот сектор, најголем дел се вработени во општините и во јавни претпријатија“.