Битиќи, Маричиќ и Спасовски ќе бидат дел и од новиот состав на Владата?

Од актуелниот состав на СДСМ во извршната власт се очекува да заминат и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, објави ТВ 21.

„Дознаваме од извори во СДСМ дека од оваа партија во Владата најверојатно ќе останат на функција само вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за правда Бојан Маричиќ и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тоа значи дека функцијата ќе ја напушти и министерката за образование и наука Мила Царовска, покрај веќе најавеното заминување на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за здравство Венко Филипче.“ – објавува телевизијата под наслов „Се очекува малкумина актуелни министри од СДСМ да останат во новата Влада, други си заминуваат?!“

Оттаму дополнуваат и дека: „Од актуелниот состав на СДСМ во извршната власт се очекува да заминат и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска“.