Битиќи: Конкурентноста и иновативноста создаваат нови потенцијали за економски раст
Заменикот на претсетседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се обрати на панел дискусијата на билатералниот форум на тинк-тенк организации од Северна Македонија и Шпанија на тема „Размислување и работење заедно“, организиран од Преспа институтот.
Вицепремиерот Битиќи подвлече дека земјава е влезена во период на постпандемиско економско закрепнување, но ризиците и неизвесностите сè уште тука, во однос на синџирите на дистрибуција, скоковите на цените, финансиските нарушувања, енергетската несигурност и геополитичките тензии.
„Овие варијации на кои се изложени националните економии, претставуваат предизвик за младите луѓе кои сакаат, кои имаат желба да понудат одговор на нив, да ги засноваат своите лидерски вештини на конкурентност и иновативност“, рече Битиќи.
За вицепремиерот, овие квалитети стануваат уште поважни, ако ги артикулираме и процесите на дигитализацијата на економските активности.
„Младите луѓе кои се стремат да станат лидери треба да развијат дигитални вештини кои ќе им овозможат да интегрираат и водат системи кои обработуваат и анализираат големи количини на податоци, во кои се интегрирани роботи и вештачка интелигенција, процеси кои вклучуваат технологии „облак“, сајбер безбедност итн. Ова е само мал дел од мозаикот наречен глобална економска конфигурација, во која лидерството треба да се препознае и да се интегрира за да се ослободат нови потенцијали за раст“, подвлече Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи истакна дека климатските промени се уште еден фактор кој треба да се интегрира во визијата за одржлив економски раст.