Био гасната електрана „Био ентерпрајз“ работи со полн капацитет
Био гасната електрана на Централинвест, „Био ентерпрајз”, работи со полн капацитет, со својата инсталирана моќност од 2 мегавати.
Обезбедува континуирано производство на електрична енергија во текот на 24 часа во денот и е значаен извор на базна енергија во рамките на портфолиото на ФЕРОИНВЕСТ/Централинвест, во кое има различни електрани на обновливи извори: на вода, сонце и биогас.
Во електраната е вградена најсовремена опрема со која целиот процес е автоматизиран.
Во електраната се вработени 20 лица, дел ангажирани на оперирање со електраната, а дел на поготовка на погонското гориво-силажа и отпад, што подразбира ангажираност во земјоделски и други работи.
Овој тип на електрани произведуваат електрична енергија од органски отпад, со тоа ја чистат околината, а како нус производ е топлинска енергија за оранжерии и ѓубриво за земјоделието, што значи дека придобивката од овие капацитети е повеќекратна.